ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПРИМИ СРПСКАТА АМБАСАДОРКА ДУШАНКА ДИВЈАК – ТОМИЌ
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак – Томиќ. На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и за актуелните состојби во регионот. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека традиционалното пријателство меѓу двете земји и натаму ќе се зајакнува…
