Падна првата оставка во Антикорупциска
Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Горан Миленков си поднесе оставка. Миленков ја потврдил информацијата за Телевизија 24, но не сакал да даде дополнителен коментар. Засега не се познати причините за неговата оставка и дали ќе следуваат нови. Оставката следува по скандалот за ненаменски трошење на пари на дел од членовите на ДКСК.
