КАМИОН УДРИ ВОЗРАСНА ЖЕНА ВО ВЕЛЕС
Седумдесет и три годишна жена е тешко повредена откако на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, во неа удрил камион со винички регистарски ознаки, јавува Точка. Жената веќе е префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
