| |

Членот на Владата на Крушевската Република , Димитар Секулов подарува финансии за Бугарската црква” Св.Богородица” во Битола

Пишува: Ели Секуловска

“Настоятелството на Катедралната българска църква Рождество на Пресвета Богородица в гр.Битоля удостоверява чрез настоящата си разписка, че получи днес 8ми Септември 1907 година, от г.(Сотир) Тирчо Секулов, из града, горната сума лири 8 осем, подарени на църквата от покойния му брат Димитар ( Мито) Секулов.
Епитроп – касиер Т.Светиев
г.Битоля
8ми Септември 1907 год.”
“Раководството на Катедралната бугарска црква “Рождество на Пресвета Богородица” во град Битола потврдува преку оваа расписка, дека денес доби, 8ми Септември 1907 год. од Тирчо ( Сотир) Секулов, од градот, горната сума лири 8 осум, подарени на црквата од покојнија му брат Мито ( Димитар) Секулов.
Епитроп – касиер Т.Светиев
г.Битола
8ми Септември 1907 год.
Документ со кој се потврдува донацијата направена за црквата Света Богородица во Битола од страна на Сотир Секулов во името на неговиот брат Димитар.
Димитар Секулов е член на привремената влада на Крушевската Република, одговорен за прехрана и производство. Тој умира во Софија на операциона маса во 1906 година.
Овој документ е само уште една потврда за веродостојноста на напишаното од Никола Киров Мајски во неговата книга „Крушево и неговите борби за слобода“ за тоа каков бил етничкиот карактер на Илинденското востание.
Киров Мајски потвдрува дека привремената влада е составена од шест луѓе- претставници на трите најголеми народности во градот :Бугари, Власи и Гркомани ( Власи и Албанци).
Инаку , Никола Киров Мајски го претставува текстот на Крушевскиот Манифест во неговата драма” Илинден”.



Слични Објави