Црн чад утрово ги вознемири скопјани, пожар кај старата фабрика „Комуна“
Утрово скопјани се разбудија со црн чад над главниот град.
Имено, околу 04:55 часот била добиена пријава за настанат пожар кај старата фабрика „Комуна“.
Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА изјави дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката.
Нема повредени, но е причинета материјална штета.
Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински протстор во кој била складарна пластика за понатамошна рециклажа.
– Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа, потенцираше за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.
Извор: Zoom. mk