Шилегов за Арсовска: Од Ali Express градоначалник не бидува!

/

Поранешниот градоначалник Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави реакција на соопштението на Град Скопје во кое се вели дека целиот свој мандат го минал со навреди кон граѓаните, невидена ароганција и расправии со пожарникарите.

Тој вели дека од Ali Express Градоначалник не бидува.

„Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска: Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl: Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира …Секој со својот избор (и последиците од него) ! П.С. за протоколот (и надлежната) : 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ …Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите . Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста …Живеј, Ali Express … никој разумен не се замара со тебе веќе !П.П.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите?“, пишува Шилегов.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Црн чад утрово ги вознемири скопјани, пожар кај старата фабрика „Комуна“

Следна статија

Арсовска го назначила Велковски за секретар на Град Скопје, иако е советник во Општина Чаир

Најново од Вести