ЦУК: Активен е еден пожар, два пожари се под контрола, а 24 се изгаснати
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Северна Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 24 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во општина Долнени, село Долгаец, каде што гори мешана шума. Под контрола се два пожари, во општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и во општина Гевгелија, на планината Кожуф (висока шума).
