|

ЦУК: Ангажирана и воздухопловна поддршка за гаснење на опасниот пожар шума кај Делогожди, што од депонија помина во борова шума

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека во атарот на село Делогожди во општина Струга, на депонијата е избувнат пожар, при што е зафатена и блиска борова шума. Моментно се присутни две противпожарни возила и четворица пожарникари и шестмина вработени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Јабланица“ од Струга, извести ЦУК.

Заради опасноста од проширување на пожарот кон место што е непристапно за гаснење на пожарот од земја, побарана е воздухопловна поддршка и во моментот на информирање, воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица на МВР, за гаснење на опасниот пожар е на пат, соопштија од ЦУК.

 

Слични Објави