Д-Р ДАНИЛОВСКИ: КАРАНТИН ВО ТРАЕЊЕ ОД ТРИ НЕДЕЛИ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЕКОНОМСКА КАТАСТРОФА
Епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за Канал 5 изјави дека воведување на тринеделен карантин ќе го спречи есенскиот бран, но ќе донесе економска катастрофа во Македонија.
„ Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе се случи невработеност, па и глад, да не бидам патетичен, проблеми со менталното здравје, ќе се соочиме и со епидемии од друг вид.
Не смееме да дозволиме мерките да предизвикаат поголема штета од проблемот заради којшто се преземаат и затоа мораат да бидат дозирани“, предупредува Д-р Драган Даниловски.
Според епидемиологот единствен начин за справување со проблемот е почитувањето на мерките, кои треба да бидат донизарани, за да не предизвикаат други проблеми.
