ДИМЧЕ ОД СТРУГА НЕ РАБОТИ ВО „БРАКО“ НА АНЃУШЕВ ЗАТОА ЗА НЕГО НЕМА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА

Димче Кочоски угостител од Струга, е само еден од многуте погодени угостителски работници од корона кризата на кој му е нужна финансиска државна помош, бидејќи бизнисот го стартувал две недели пред затворањето на локалите поради пандемијата и во истиот ја вложил целата своја заштеда.

Од тогаш до денес локалот е под клуч и не добил можност да проработи, па така тој нема средства да ги покрие режиските трошоци. Кочоски во неколку наврати барал помош од државата  за да може да го продолжи бизнисот но на сите барања добил негативен одговор од институциите со образложение дека не исполнува ниту еден услов да биде корисник на пакет мерките наменети за угостителите.

„Како и сите други аплициравме за Владините мерки во однос на помошта од 14.500 денари меѓутоа од УЈП ми вратија писмо дека не е одоборена финансиска помош поради тоа што не е пријавена плата во последните три месеци нели по законот. Но, јас не можам да ги пријавам тие три месеци затоа што имам отворено во март месец, а работев само 15 дена.

Во исто време УЈП бара да ја поминам мартовската плата инаку ќе следуваат казнени мерки. За трагедијата да е поголема и да се обратам до социјалната ми велат не ве следува затоа што се вработен. Значи од никаде и никаква помош јас во вакви услови не можам да добијам.- вели Димче Кочоски, угостител од Струга.

(Целата сторија прочитајте ја на www.24.mk )