Димитар Русков: Никој во македонската политика не може да преживее, ако не се придржува кон антибугаризмот
Северна Македонија води намерна антиевропска и антибугарска политика, ова за Бугарското национално радио го изјави
новинарот Димитар Русков од БГНЕС.
Мицкоски е производ на политичка класа потчинета на државната идеологија наметната од Белград. Тој не само што ја оддалечува РСМ од ЕУ, туку се враќа назад. Според него, Мицкоски се однесува како вазал на српскиот претседател Вучиќ.
Мицкоски нема желба за интеграција во ЕУ. Во моментов се води кампања да се шутне топката и да се доведат во заблуда и македонските граѓани и партнерите од ЕУ, потенцира Русков во програмата „Сабота 150“.
„Оваа кампања, нејзината кулминација беше посетата на г-ѓа Силјановска на Софија. Оваа посета беше искористена за дополнително промовирање на кампањата на омраза и целосна блокада на зближувањето меѓу Бугарија и Скопје. Ова отвора политички вртлог, вакуум кој се пополнува од туѓи сили. Се формира фронт кој работи против бугарските интереси“.
Станува збор за геополитички проект кој се развива со децении – тотално потчинување на странските интереси. Никој од македонската политичка класа не може да преживее доколку не се усогласи со антибугаризмот, нагласи тој.
Да се дозволи развој на ваков проект на Балканот е еднакво на внесување странски проект во ЕУ, коментира Димитар Русков.
Нема шанси да се занемари бугарскиот интерес во процесот на пристапување на Скопје во ЕУ, рече во заклучок Русков.
Лостовите се во наши раце. Ние сме членки на ЕУ и НАТО, а Скопје преговара. Мораме да им покажеме жолт картон, а ако затреба – втор жолт и црвен.
