| |

ДВАЈЦА ДИЛЕРИ УАПСЕНИ НА БИТ ПАЗАР

Скопската полиција извести дека во рок од 24 часа, на скопски Бит Пазар уапсила двајца дилери.

Прв бил уапсен 22–годишниот Б.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен личен претрес од полициска патрола кај него е пронајдена марихуана.

Исто така поради незаконско поседување на марихуана е уапсен и 19-годишниот скопјанец А.Ц.. Од полицијата велат дека по документирање на случајот против двете момчиња ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични Објави