ДВОДОМНИОТ ГОЦЕ…

Ганчо Хаџи Панзов е македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и творец што пишувал на француски јазик… најверојатно поради фактот што во времето кога пишувал македонскиот литературен јазик сѐ уште не бил кодифициран.

Велешанецот Ганчо (Боже колку бугарски звучи) загинува во 1936 г. 8 години пред да се кодифицира македонскиот литературен јазик и изгледа не милувал да пишува на народен јазик, како што тоа го правел неговиот земјак србоманскиот војвода Васил кој во април 1907 г. преку писмо на „народен јазик“ им се обратил на селаните од селото Крајница („Бугарите ни го отфрлаат јазикот и ни ги менуваат нашите свети обичаи“, Нова Македонија 4.11.2019 г. Блаже Миневски). На ненароден некаков бугарски јазик се обраќале војводите и комитите на Организацијата, кои нели биле воспитаници на Бугарската Егзархија, појаснува авторот Миневски. Но не тоа е поентата на овој текст.

Ганчо Хаџи Панзов е дводомен писател, термин измислен во темните коридори на државните институции, кои се одговорни за чување и негување на македонизмот уште од време оно.

Инспириран од „ненамерната“ искреност на проф. д-р. Драги Ѓорѓиев дека Гоце Делчев бил и Бугарин и Македонец, се сетив дека дводомноста сега можеме да почнеме да ја залепуваме како етикета не само на творците и преродбениците туку и на револуционерите.

Ако можат Ганчо од Велес и Талев од Прилеп да бидат дводомни, зашто и Гоце да не биде дводомен. Што ако тој самиот се определувал како Бугарин. Тоа не е никаков проблем. Дводомноста ќе го спаси порнонационализмот од тотална пропаст.

Дводомниот Гоце е спас за сите кои се убедени дека во Бугарија нема човек со такво име, иако апостолот на македонското револуционерно дело се вика Георги.

Дводомниот Гоце ќе биде прекрасно оправдување и за неговото упорно дружење со „татари“ како Пејо Јаворов и Михаил Герџиков.

Што барал борецот за социјална правда Гоце, да се дружи со лик како Јаворов кој бил член на највисокото бугарско општество и не на последно место зет на високиот бугарски државен функционер Петко Каравелов? Едниот во основата на македонскиот идентитет, а другиот еден од најпознатите бугарски поети и се разбира македонски комита.

Каша-попара е работата, затоа само дводомноста ќе може да ни го спаси Гоце од азиските крадливи раце на татарите.

Само се плашам дека дводомен може да се претвори во лепрозен. Гоце е лесен, ама ако тој како што веќе призна проф. Ѓоргиев бил и Бугарин и Македонец, истото треба да важи и за Тодор и Ванчо. И тие мажишта како што ги нарече Васко Ефтов би требало да се стават во таа група, но бидејќи Тито се нема поклонето пред нивните вечни почивалишта (Тодор закопан во Пирин планина, а Ванчо го надживеал браварот) нив можеме да ги нарекуваме лепрозни… се излити веќе она контроверзни, не мислите ли?

Дводомниот Гоце наместо да се зафати со какво такво кодифицирање на македонскиот јазик, предавал бугарски јазик во егзархиски училишта. Дводомниот Талев наместо како еден вистински прилепчанец да учествува во завземањето на бугарскиот участок на 11 октомври 1941 г., бил објавен од бугарските комунисти за големобугарски шовинист и во периодот од крајот на 1944 до 1948 прво лежи во Централниот софиски затвор а подоцна во комунистичките логори во Бобовдол и Куцијан.

Најстрашното во сагата околу Гоце е реалноста.

Неговата етничка припадност им е позната на сите што денеска го користат како скапо одело за да си ја покријат голата омраза, но тежок е преминот, а и слатки се позициите и парите што ги носат истите.

Додека ние мудруваме за Гоце и додека Пандов пее „наше ќе биде и солунско поле“… македонските полиња, градови и села пустеат, а Груби соопштува дека приватните фирми што ќе вработуваат Албанци и други припадници на малцинствата во Македонија ќе добиваат субвенции од државата.

Што се Албанците во случајот… животински вид во исчезнување или небески народ како Србите?

Додека го редиме минатото, како сложувалка од која фалат многу елементи, а други намерно се изоставуваат, сегашноста нѐ убива со својата жестокост.

Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски повторно ја најави изградбата на пругата до Бугарија, колку и истата веќе да ја изгуби својата поента. Ние сме Македонци драги мои, а поголемиот дел од Македонците знаат како да стигнат до Софија и стара Бугарија, кога овде ќе им стане тесно. За да побараме спас во Бугарија пруга не ни треба. Ни треба разум за конечно да сфатиме дека Гоце и Пејо се браќа…

PS:

Хайдушки песни

На Гоце Делчев

Ден денувам — кътища потайни

нощ нощувам — пътища незнайни;

няма тато, нито мама —

тато да ругае,

мама да ридае…

Леле моя

        ти Пирин планино!

Море черно

        цариградско вино.

С враг врагувам — мяра според мяра,

с благ благувам — вяра зарад вяра;

нямам братец, ни сестрица —

        братец да ме хвали,

        а сестра да жали…

Леле моя

        сабя халосия!

Море люта

        одринска ракия.

Бог богува — нека си богува,

цар царува — века ли царува?

Нямам либе, първа обич —

        мене да очаква

        и да ме оплаква…

Леле моя

пушка огнебойка!

Море тънка

солунска девойка.

Пејо Јаворов

Автор: Атанас Величков