| |

Двојното убиство на векот 90 години от Марсејскиот атентат 09.10.1934-2024

Пишува: Христо Михајлов

Низ бурната 1934 година, политичките убиства во Европа следуваат едно по друго, како на филмска лента. Вo самиот почеток на таа, по многу нешта знаменита година, фанатичните приврзаници на Железната гвардија во Рoманија го застрелуваат премиерот Јон Дука. Во Полска е убиен министерот на внатрешните работи Пиерецки. Ноќта пак, на 30-ти јуни истата година, останува во сознанието на современиците, како “Ноќта на долгите ножеви“ кога по изрична Хитлерова заповед се ликвидирани околу 80 негови близки соподвижници на чело со германскиот капетан Ернест Рем, началник на штабот на военизираната формација СА. Истата судбина го стигнува и австријскиот канцелар Долфус, додека кон крајот на годината е ликвидиран вториот човек на московски Кремљ и прв во Ленинград, Сергеј Миронович Киров.

Всушност тоа се однапред добро изпланирани убиства, кои што во крајна сметка го разчистувааат патот кон Втората светска војна! Меѓутоа, со најголем светски отзвук бил Марсејскиот атентат, нарекуван уште и Второто Сараево, кога бугарскиот стрелец-атентатор Владо Черноземски го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Германците се спотаиле а светот збунето ги укорил острастените македонски патроти. Кога крал Александар умира во Марсеј, овој пат попрскан со сопствената крв, српската дипломатија се обидела да му припише едно добро омислено политичко завештание – “Чувајте ми Југославију!“ Италијанците го примиле тоа послание со иронична толернација знаејќи за учеството на нивните тајни служби, но французите го споделиле целосно, оти Југославија била рожба на парискиот тигар – Клемансо. Дури и повеќе, југословенската целокупност била и залогот против секоја помисла за евентуална територијална ревизија на мировните договори.

Евидентно било дека на “Европејскиот небосклон“ повторно се задаваат темни облаци, па стариот обрач околу виталната Германија требало побргу да се затегне. И токму затоа францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој што го придружувал српскиот крал, загина при старателното изполнување на таа задача. А денес цели девет децении после клетвата на суверенот Александар да ја преобрати Вардарска Македонија во Јужна Србија после измислениот или не предсмртен повик “Чувајте ми Југославију“, најслободно можеме да кажеме дека од сето тоа не остана ама баш ништо. Смртната пресуда, што Владо Черноземски успешно ја изполнил во Марсеј била смртна пресуда произнесена от страна на самата ВМРО и Иван Михајлов, над омразената Југославија! Нејзиниот наследник Титовско – Милошевичева комунистичка Југославнија неславно се распадна во крв, маки и река солзи, точно така како што своевремено беше создадена и управувана, низ сите оние тегобни години на своето историски суштествување, и како кралство и како република.

Како го преживува тој пад Вардарска Македонија сега, пост фестум? Господ – Бог само нека ѝ е на помош и секој друг, кој искрено милее за неа и за бугаршината тука! Заслужената казна била одмазда за жестокиот однос на тој владетел и неговото опкружување от белградски мегаломани, најмногу кон македонските бугари и хрвататите, а ударот на Владо Черноземски е само акт врз злото и несносливата тиранија. Најсетне, ликвидацијата на крвавиот крал никако не треба да нѐ чуди, бидејќи самиот тој, преку бројните убиства и насилија, комотно патувал кон тронот. При своето искачување на престолот во 1921 г, надмениот крал Александар Први се заколнал јавно, дека за помалку от 10 години ќе ги претвори бугарите од Вардарска Македонија во прави и вистински јужносрбијанци. Здобиениот за време на минатите војни богат опит бил уште побрзо усовршен, а во исполнувањето на превземениот геноцид, целосно биле вклучени српското законодавство, суд, војска и полиција, владици, свештеници, учители и чиновници. Ним им се придружиле и бандите од главорези какви што беа Коста Пеќанац , Јован Стојковиќ Бабунски и сличните на нив. Суспендирањето на Конституцијата от страна на кралот му даде нов подем на вараварското насилие, а како политчки цинизам и демагогија била обезличена гледната точка на бугарските борци за основните човечкки права во Македонија. Тогавашното, југословенско обштество не ја прифати идејата за слобода на македонските бугари!

Прокламираниот мир, слободна, благочестие, справедливост, право на труд пријателство, се неспорно високо благородни цели за секој еден човек, но каква стојност имаат тие ако се стоварени за сметка на друг народ, во дадениов случај бугарскиот народ во Вардарска Македонија? И не ли некои субјекти овде на Балканот, се уште ги повторуваат папагалски често тие вредности, само за да ги прикријат, како што тоа сега го прави официјално Скопје и неговата србомакедонистичка лигава пропаганда, новото насилие над македонските бугари. Тоа се прави психофизички тероризирајќи ги пројавените местни македонски бугари и обвинувајќи ги за виновни за крајно влошените односи на линијата Скопје-Софија! Најлогично се поставува, помеѓу другото и прашањето, кој и зашто толку долги години, ја премолчуваше свесно вистината за кралската и титова Југославија, за на крај истите тие вљубеници во Белград разберат дека малата империја на злото наречена Југославија беше вештачка творба и дека воопшто, никогаш не заслужувала да постои! До крај кажано, дали тоа нешто не се повторува денес во сегашната РС Македонија која е во студена војна со сите свои комшии, освен со србите од кои што добиваат наредби и инструкции… и сето тоа заради налудничавата српска желба да ја претворат многунационалната Југославија во велика Србија. Некои пак овде, во Скопје сонуваат от РСМ да изведат мала Шумадија. Тоа е така, кога во оваа наша држава, ги гледаме случувањата со здружението Радко и судбината на Владимир Паунковски, судбините на Јован Стојановски-Рибарот, Мирослав Ризински, панихидите на Мара Бунева, Драги Каров, Виктор Канзуров, Спаска Митрова… Ако граѓанското право не е обврзано со човечката справедливост и законитост , тогаш силата на посмелите неизменливо станува морален долг кон онеправданите. Затоа не треба да не чуди, што откако беа буквално изцрпени сите законски средства за самоодбрана, славното ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов тргна по трнливиот пат на вооружената самооодбрана. Така започнаа да паѓаат и вископоставени глави од другата страна..

Убиството на српскиот крал е една судбина, од која и самата жртва, иако ја претчувствуваше, не можеше да ја избегне. Александар Караѓорѓевиќ бил свиреп диктатор кој цврство држејќи ја власта преку воена сила и курс на тероризам така дивјачки, стигна до таму, што најсетне го подигна и острот протест на британските либерали. Но огорчни беа не само англиските сојузници на Белград, ами дури и тие во Франција, чии што журналисти и добри познавачи на балканските прилики и трагедијата на народите што беа оставени под скиптарот на српскиот кралски режим, го разбраа слученото собитие во Марсеј како нешто сосема закономерно и најлогично. Целиот културен свет уште еднаш длабоко се убеди, дека некаде таму на Балканите суштествува една огромна воено политичка сила наречена ВМРО, секогаш способна физички да ги казнува тираните на бугарскиот народ во Македонија, да ги казнува насекаде каде ќе ги стигне, низ сиот свет. Со тој практичен акт ВМРО го даде првиот сигнал дека и покрај нејзината присилна забрана во Бугарија по србоманскиот Деветнаесет мајски преврат во 1934г, ВМРО подземно работи, превзема храбри акции и твори историја. За понеупатените тоа е обичен терористички акт. Нели и денес, токму така им ги промиваат мозоците на обичните луѓе, вреднувајќи го како тероризам секој обид на македонските бугари, поставени до ѕид во безизлез, да бараат начин да ја изразат својата волја за повеќе справедливост и човечка слобода.

Сега кога врелата тема за и околу меѓунардониот тероризам е премногу експлоатирана, некои шарлатани, за жал во Скопје и Софија, безсрамно го присоединуваат подвигот на Владо Черноземски кон класификацијата на “платените убиства?!“ Тоа е најцрното лице на лажната србокомунистички пропаганда, којашто отсекогаш им служела само на насилието, неправадата и отвратната лага.. Оти ликвидацијата на монархот Александар Караѓорѓевиќ, како самозаборавен шумадиски управник, не беше прост атенатат, ами тоа е исполнување на смртната пресуда, издадена от сите потиснати народи во таа бивша Југославија. Но, распашаноста на србите подразбира, под поимот славјанска солдираност, само србизирање на Хрватите, Унгарците, Албанците, па дури и Словенците, во еден опасен процес што србите веќе започнаа да го прилагаат како глувчешки експеримент над бугарскиот народ во внатрешноста на Вардарска Македонија. Баш таму от Куманово до Гевгелија и от Крива Паланка се до Струга, градот на браќата Миладинови и Матови, Белград ги изпозатвори сите бугарски национални институции со мака создавани се до несреќната 1912 г – екзархииските училишта, читалишта, библиотеки и цркви. И нешто повеќе, ги затвораа, мачеа прогонуваа и садистички убиваа сите оние локални македонски интелектуалци кои себе си, во најголемиот број се сметаа и деклрарира како бугари, ненадејно и на сеопшт ужас, преку ноќ преименувани во срби. Против бугарските екзархисти во тој дел од Македонија се извршуваше страшен геноцид, а како директен подстрекнувач и раководител на тој чудовишен престап беше токму никој друг, туку самиот српски крал Александар.

Дали македонските бугарски екзархисти го немаа основното човечко право, да сутштествуваат под сонцето и дали беше некаква грешка да си зборуваат на нивниот Светиклиментов и Кирилометодиев бугарски јазик? И најсетне дали во името на шумадиските незаситни завојувачки амбиции требаше да биде затриен от лицето на земјата цел еден народ во Македонија-бугарскиот, народ со поразлична историја и култура от Србите? Точно тие идеолошки убедувања раководеа со срцето и раката на бугарскиот јунак Владо Черноземски, а извршеното от него дело е вистински херојски чин на саможртва во одбрана на националниот идеал. Хумано би било да не се одобри ликвидацијата на српскиот крал, оти со тероризам не се заштитуваат националните интереси, но сите ние сме должни да одговориме на историскиот момент и предизвик. Треба да си ја знаеме не само нашата бугарска историја, ами добро да си ги познаваме нашите соседи и нивниот поранешен однос кон нас, нарочно овде покрај матниот Вардар. Моменталниве собитија на Балканов повеќе от јасно ни посочуваат дека српскиот великошовинизам се уште не е сосема изкоренет, истиот тој и понатаму си останува како најголемото зло на сите балкански народи и воено најголемата опасност за мирот во југоизточна Европа. Белким, здравиот човечки разум кај новиве србски државници ќе победи над нивниот слеп авантуризам, што не е премногу за верување, ама тоа би било от огромна полза за балканските народи и најмногу за србите, бидејќи нивното време за превласт е неповратно одминато.

Во злокобната 1934 г , некои центри во Европа- Белград, Москва , Париз Лондон, а и во Софија попусто сакаа заедно со физичката смрт на Черноземски да исчезне и живиот спомен за семоќната организација известна како ВМРО; но тоа не само што не се случи, ами стана токму обратното! Изминатот временски период минат под комунистички тоталитаризам под диктатот на Белград и Москва, во еднокрвните Бугарија и Македонија, името и свештетното дело на Черноземски беа намерно заборавани. Но, неговата самопожртвуваност не остана незабележана за бугаро- македонските патриоти ширум светот, пред се на Запад и преку океанот, односо таму каде што дејствуваше Македонската патриотическа организација (МПО), призната и авторитетна пред тамошните власти организации, при што беа и создадени редица друштва коишто го носеа името славниот бугарски херој и македонски патриот Владо Черноземки. На повремените честувувања на безсмртниот подвиг на Владо Черноземски што се одржуваат кај нас во Скопје, присутсвуваат поклоници на неговото пресветло име и дело от цела Македонија и братска Бугарија. Се собираат верните следбеници на Даме, Гоце, Тодор и Ванчо од двете страни на вештачки поставената граница, која што разделува роднини, близки и познати повеќе од 100 години. Почитта кон еден од припадниците на историската ВМРО, кој што го затри поттисникот на народите од Балканот, српскиот крал Александара Први Караѓорѓевиќ, народите што беа принудени да живеат под српска власт, ни ја враќа вербата, дека слепиот зид издигнат над Деве Баир и Ѓуешево, еден ден, во блиска иднина ќе падне. Така, насадената омраза помеѓу родени браќа и сестри, татковци мајки и деца, ќе се руши, под тежината на неминовните демократски промени. И сосема најприродно и закономерно ни проузвучува волјата на луѓето от двете страни на границата да живеат во мир, славејќи ги општите херои пред кои што длабоко се преклонуваме и ние овде и тие од таму, од другата страна на Осогово.

Зарем не е човечки да се размислува при следните честувања на херојот да нема царини и гранично контролни пунктови, да нема никакви бариери меѓу двете самостојни држави?! Најпосле, сето тоа го посакува и нѐ подучува и културна Европа и сите ние сме должни да го поддржуваме тој слободарски дух, вечно буден. На крај, можеби нема да е излишно да се напомене дека такви родољуби како Владо Черноземски, жртвувајќи се за правилното разрешување на наложеното од посилните, македонско прашање, најпотребни ни се баш денес. Духот на Владо е жив и безсмртен исто како духот на човечката слобода! Со смелата акција во Марсеј, славните ВМРО и Черноземски влегоа на големата врата засекогаш во бугарската и светската историја! Длабок поклон пред ретката самопожртвуваност на бугаро-македонскиот херој Владо Черноземски.

Слични Објави