ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ЕПИДЕМИОЛОЗИ ВО СРБИЈА СОВЕТУВА: НОСЕТЕ МАСКИ, ШАНСАТА ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ СО НИВ Е САМО ЕДЕН ПРОЦЕНТ

Еден од најдобрите српски епидемиолози Предраг Кон ги потсетува граѓаните за неопходноста од носење на маски бидејќи тоа е најсигурниот начин да се заштитиме од корона вирусот.

„Ако сите носат маски тогаш можноста за трансмисија на вирусот е сведена на само еден процент. За тоа е неопходно сите да носат маски. Ако носите вие маска а заразениот не носи шансата за зараза е 30 проценти, а ако вие не носите шансата да се заразите е само пет проценти“,објасни Кон.