ЧЕДО ЈОВАНОВИЌ ПРИКЛУЧЕН НА АПАРАТИ

Состојбата на српскиот лидер на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил пренесен во друга болница, наведуваат некои белградски медиуми, пренесува Фокус.

Јовановиќ беше примен во болница пред неколку дена поради пневмонија, потврдено е тогаш за Б92.нет од ЛДП.

Според денешните извештаи во медиумите, неговата состојба се влошила и тој се наоѓа во делот на болницата каде што престојуваат пациенти приклучени на кислород.