ЕК ќе ја забрза евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан

//

Европската комисија ќе го забрза процесот за пристапување кон ЕУ на земјите од Западен Балкан, објави “Ди Велт”, повикувајќи се на документ на ЕК, кој ќе биде претставен утре во Стразбур.
„Членството на земјите од Западен Балкан соодветствува на политичките и економските
интереси на ЕУ”, се вели во документот на ЕК. Според претставници на Еврокомисијата, Србија и Црна Гора ќе се приклучат на ЕУ до 202 година  ако покажат “ силна политичка волја, при реализирањето на реформите и дорегулирање на преостанатите спорни прашања со соседите“, се истакнува во документот.
Во исто време, ЕК смета дека е неопходно да се склучи “правно обврзувачки договор за
нормализирање на односите меѓу Србија и Косово”.



Претходна статија

Времето денес: стабилно и суво со ниски утрински температури

Следна статија

Пад на цената на нафтата

Најново од Вести