|

ЕК ЌЕ ПРЕДЛОЖИ КАКО ДА СЕ УКИНУВААТ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Европската комисија денеска ќе предложи стратегија за земјите-членки како постепено да ги укинуваат рестриктивните мерки и ограничувања и како да се вратат на нормалните активности.

Насоките на ЕК, кои нема да бидат обврзувачки за државите, требаше да бидат презентирани минатата недела, но некои членки беа загрижени дека тоа можеше да се протолкува како сигнал дека рестриктивните мерки ќе почнат да се ублажуваат.

Планот ќе постави критериуми за постепено укинување на рестрикциите, но самите држави ќе треба да одлучат како и кога ќе ги преземат тие чекори.

Од нацрт документот произлегува дека централен елемент на планот е преземање на мали, контролирани чекори во текот на повеќе месеци.

За ублажување на мерките потребно е да се исполнат два темелни критериуми: значително забавување на ширењето на вирусот и доволен број места во болниците и кревети на интензивна нега.

Извор: Макфакс

Слични Објави