|

ЕРДОГАН МУ РЕКОЛ НА ПУТИН: АКО СИРИСКАТА ВОЈСКА НЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ, ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕМЕ НИЕ

Силите кои се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад мора да се повлечат зад линиите на турските набљудувачки позиции во Идлиб до крајот на овој месец, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој подвлече дека Турција ќе ги потисне сириските сили доколку не се повлечат сами.

„Се надеваме дека режимот ќе се повлече од нашите набљудувачки позиции пред крајот на февруари. Доколку не се повлечат, Турција ќе има обврска да го „реши“ тоа, рече Ердоган во говор во Анкара.
Тој кажа дека токму оваа порака синоќа, во телефонски разговор, му ја пренел на рускиот колега Владимир Путин, чија земја воено ја поддржува сириската војска.

Од кабинетот на турскиот претседател синоќа соопштија дека Ердоган му кажал на Путин дека Анкара ќе го искористи „правото на легитимна одлука и тоа на најсилен начин во случај на нов напад“.

Изјавите на Ердоган следат само два дена по големиот судир меѓу турската војска и силите на претседателот Асад во североисточната сириска провинција Идлиб, во кој беа убиени шест турски војници и најмалку 13 припадници на сириските сили.



Слични Објави