ЕТНОЛОШКА ИЗЛОЖБА НА ТКАЕНИ ТОРБИ ОД КУМАНОВСКО
Во Уметничката галерија при Музејот во Куманово денеска во 19:30 часот ќе биде отворена етнолошката изложба „Традиција проткаена низ торбите “…
Во рамките на изложбата љубителите на етнолошкото културно наследство ќе можат да видат 50 експонати на ткаени торби изработени од волна од кумановскиот и од кратовскиот крај.
Автор на изложбата, која се реализира со поддршка од Министерството за култура, е Валентина Илиевска, кустос етнолог
