Европскиот парламент најави намалување на бројот на пратеници

//

Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент гласаше за намалување на бројот пратеници од сегашните 751 на 705 пратенички места. Причината за ова намалување е излезот на Велика Британија од Унијата.

По заминувањето Лондон ќе ослободи 73 места, но европратениците ќе се намалат за 46, бидејќи 27 места ќе бидат распределени меѓу преостанатите 27 земји.

Франција (со 74 пратеници) и Шпанија (54 пратеници) ќе добијат уште 5 места. Италија (73) и Холандија (26) ќе добијат три места, Ирска (11) ќе добие уште две, а Естонија (6), Хрватска (11), Финска (13), Словачка (13), Романија (32) Полска (51), Австрија (18), Данска (13) и Шведска (20) ќе добијат по едно пратеничко место.



Предложените измени, ќе бидат гласани во Европскиот парламент следниот месец.

Претходна статија

Османи: Време е за помирување на народите на Балканот

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во собрание

Најново од Вести