|

Фатени во својата замка

Ги следам одамна нашите русофили, посебно нивната борба за русофилска Македонија, трудејќи се да не убедат дека токму таму лежи нашиот спас, во сојуз со Руската Федерација и Евроазиската унија.

Воодушевувањето од изјавата на рускиот патријарх,  кој како да им читаше воспитни лекции  на Бугарите, дека Бугарија не била ослободена од Латвија или некоја друга држава, туку од Русија, просто речено на вулгарен начин ги натера да свршат во гаќи. На нивната среќа им нема крај. Но тука лежи зајакот, зошто самите се фатија во замка, зошто Русија не може да е спас на Македонија.

Едноставно се поставува прашањето на секој што има интелект : Каде беше Русија за ослободувањето на Македонија ?

Зошто не ја ослободија Македонија, истата Македонија која имаше каде каде повеќе востанија од Бугарија, истата Македонија која беше кланица за колење на христијани од страна на Османлиите, за разлика од Бугарија каде што реално освен колењето на Батак, нема такви крвави пирови како што имаше кај нас.

Каде беа Русите да го заштитат невинoто македонско население од колежите на грчките андарти и српските четници ?

Логично се поставува прашањето, зошто Русија изврши најтежок притисок кон истата Бугарија да ги затвори македонските лидери и воено генијални војводи во затвор за време на припремите на востанието ?

Илинденско-Преображенското востание и ужасот од него Русите го видоа на дело, зошто како што кажуваат во документарците снимени од Владата, Русите побарале од народот да  откаже послушност на комитетите  и востаниците ако сака руска помош, а кога не дошло до тоа ги оставиле на милоста и немилоста на Османлиите?

Но ајде тоа е далечно минато, нашите русофили не живееле тогаш, па да се навратиме во ерата на социјализмот, таа нивна љубов непреболена.

Секој русофил по дифолт е бугаромрзец, необјасниво со оглед  на фактот дека ете нели Русите ја ослободија Бугарија, посебно што во времето на социјализмот токму Бугарија беше главниот руски играч, првата руска љубов, безмалку кажано 16та советска република како сами милуваа да ја нарекуваат.

Нашите русофили во гради се чукаат како оделе по Бугарија, фрлале пари на улица од што им било ќејф, нивните претпознатливи фрази за червените, како тоа Бугарите гледале во нив како богови , а забораваат на фактот дека тогаш практично Бугарија беше дел од Русија, во буквална смисла на зборот. Е ако Бугарија како дел од Русија тонеше во сиромаштија, тогаш како ние во сојуз со нив ќе се спасиме од истата таа сиромаштија???

Е толку е интелектуалниот развој на русофилот, сам себеси да се фаќа во замки, логички неможејќи да поврзе една целина.

За крај, Бугарија сфати дека од играње како сателит на Русија или било која држава нема да добие ништо. Успехот доаѓа само ако за него се избориш сам како независен играч. Токму во тој правец треба да биде и нашата борба, слободна, напредна  и независна Македонија, а не Македонија вазал на Русија.

 

Автор : Ојнак

Слични Објави