Националната амнезија – вредност, која се руши во Скопје…
Иван Николов/БГНЕС
Можно ли е сериозна дискусија за националниот идентитет, јазикот, историјата и самоперцепцијата на нашите предци во денешна РС Македонија?
Ова е многу стара тема, особено за бугарската историска наука, политика и публицистика и сè што би можело да се каже по прашањето, е кажано. Кажано е, но дали е поткрепено со неопходната деловна ангажираност, последователност и одговорност пред идните генерации е прашање, на кое засега нема смислен одговор.
Во Скопје, како што е познато, од 1944 година, кога КПЈ инсталира свои дресирани до фанатизам гласноговорници, сè што е наследено како писмени сведоштва од векови наназад, требаше да помине низ идеолошката и пропагандна центрифуга, за да се добие посакуваниот производ – целосна амнезија за сопственото минато, за националната припадност, за смислата на борбите и жртвите… Според речникот на странски зборови во бугарскиот јазик по зборот АМНЕЗИЈА е дадено следново објаснување: „Заболување на мозокот, при кое се губи меморијата за сопствената личност и живот…“ Целата пропагандна машина во Скопје е насочена кон овој резултат – целосна амнезија не само на поединецот, туку и на целиот народ. Ако разгърнеме кој било весник во земјата покрај р. Вардар, ќе откриеме цинични сугестии кон народот дека тој секогаш бил тоа што е денес, а ние дополнуваме – со вештачко национално самосознание и напумпано самодоверие… Само што тоа самодоверие е подмолно разјадувано од комплексност, која мора да се лекува со измислени „докази“ и „благородни лаги“…
Повод за вакви размислувања ми даде една обемна публикација во „Денешен“ од 5 август 2025 година, со автор Блаже Миневски, познат писател и публицист во Скопје. Тој го насловил текстот „Британски документи за Илинденското востание: Македонците… не го сакат Господ, бидејќи дозволил Македонија долго да страда од турското угнетување“.
Овој текст, како и сите слични написи, со амбиција за автентична веродостојност, ја открива технологијата за постигнување на крајниот резултат – национална амнезија… Блаже Миневски одлично владее со оваа технологија. Во случајов тој се повикува на извештаите на англиските дипломатски претставници во Софија, Битола, Солун и Цариград. Со тоа му наметнува на читателот чувство и сигурност дека се допира до изворот на самата историска вистина…
Проблемот на Миневски е во тоа што во Скопје, уште во првата деценија на новиот век, Државниот архив на Република Македонија, тогаш со директор Зоран Тодоровски, започна да ги издава оригиналите на дипломатската кореспонденција на англиските претставници на овие географски широчини. За чест на издавачите, автентичните текстови на сите извештаи на амбасадорите и конзулите се предадени, на прифатената во Скопје јазична норма, коректно, без никакви обиди за интервенција што би го променила духот и смислата на документот.
Ова се покажа како опасност со големи последици за македонистичката пропаганда и гласноговорниците на идентитетот, па затоа сите тие, цврсто вплеткани со судбината и „творечките успеси“ на официјализираната лага, ги засукале ракавите. Еден од нив е и Блаже Миневски, кој со текстот од 5 август 2025 г. докажува колку нестабилни се глинените нозе на прифатената матрица за национална манипулација. Во случајов тој користи извештаи на англиските дипломати, вклучени во VI том на „Британски документи за историјата на Македонија“ (1901-1904), Скопје, 2012 година.
Секој што имал љубопитство да надникне во овие томови, веднаш ја открива патолошката инспирација на Миневски да ги бара со фенерот на Диоген оние документи, во кои зборот БУГАРИН отсуствува. Тоа му дава можност да наметнува дека тоа население, за време на Илинденското востание и Крушевската Република, се самоопределувало како македонско, според тврдењата на денешната македонистичка пропаганда. Затоа и неговиот текст останува ранлив, проткаен со недвосмислената негова желба да биде еден од градителите на фамозната градба на националната беспаметност…
А еве како звучат повеќето од тие дипломатски извештаи во нивното издание во Скопје:
“…Организаторите на востанието се македонски Б у г а р и, кои работат на ослободуваньето на Македониjа од Турците…“ – стр.323… „Можам да додам дека речиси целото население на Крушево е б у г а р с к о…“ стр.371…“3а жаленье е дека другите пет баталjони доцнеа со своето пристигнуванье, бидеjки Б у г а р и т е се горди со своите успеси постигнати во Крушево…“стр.372…“ Ова прокламациjа е преведена на б у г а р с к и jазик и ќе биде доставена на селското население од страна на локалните власти… „стр.427…“Б у г а р с к и о т свештеник рече дека 18 лица од неговата заедница им се придружиле на востаниците. Триесет и шест Б у г а р и биле убиени кога турските воjски влегле во градот…“ стр.452 и т.н.
Закономерно се појавува прашањето и за моралот, за совеста и за душевната архитектура не само на Блаже Миневски, туку и на целата кохорта виртуози на прекројувањето на минатото. Сè поочигледно станува дека моралот и совеста за сите овие пропагандисти не се основоположни вредности. За нив важна е беспаметноста на луѓето, кои ја скинале и последната нишка во својата свест што ги поврзува со бабите и дедовците и со нивното духовно наследство.
При оваа вредносна мешаница денес, за прегледност, би можеле условно да ја поделиме христијанската част од македонското општество на три групи.
Првата група е составена од ренегати-кариеристи, кои и покрај своите политички разлики се носители на ист, лишен од духовни состојки политички багаж. Во нивната свест вистината и лагата имаат заменети места. Јасни претставници на оваа господствена група во општеството денес се претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Втората група е најмногубројна. Таа ја претставува онаа маса од населението, која ја прифаќа како единствено вистинита матрицата на етноидеологијата, наметната со криминална беспоштедност, во сите степени на образовниот систем. Тука лагата е претворена во вистина, вистината – во лага…
Поголемиот дел од претставниците на оваа група го прифаќаат како основоположно тврдењето внушувано од нивните учебници дека Самоил организирал востание против Бугарите и создал прва средновековна македонска држава. За нив сведоштвата на византиските хронисти Скилица, Зонара и други – не постојат. Лесно е објасниво зошто овие целенасочено одржувани во незнаење општествени слоеви стануваат најстабилната поддршка на ренегатите-кариеристи, кои ги зазеле властодршките механизми во државата.
Третата група е најобесправената. Тоа се сите достоинствени луѓе, кои ниту за миг не ги скинале заветите на нашите предци и ги чуваат како света тајна документите за својата вистинска национална припадност. Тоа е најнесреќниот дел од денешното општество во РС Македонија, чјата судбина е ставена под закана од со децении одгледуваниот заслепувачки фанатизам на првата и втората група потомствени приспособеници.
Првата група, како што веќе споменавме, е составена претежно од елитата на нацијата – управна, политичка, интелектуална и духовна. И покрај првичната железна монолитност во ставовите, постепено почнаа да се слушаат и гласови со поинакво звучење. Додека писатели како споменатиот Блаже Миневски, универзитетскиот професор Венко Андоновски, дипломатот Ристо Никовски, новинарот Сашо Таневски цврсто ги бранат југословенските вредности за Македонија, други, исто верни на матрицата, почнаа дрско и екзалтирано да ги искажуваат своите несогласувања со прифатените, утврдените и издигнати во култ „вистини“.
Најнеочекувано-категорично одекна пред десет години гласот на миленикот на власта, филмскиот режисер Дарко Митревски, кого повеќепати сме го разгледувале поради неговиот филм „Трето полувреме“, проткаен со необуздана омраза кон Бугарите. Сосема неочекувано, тој последователно објави во весникот „Нова Македонија“ од 1 ноември до 26 декември 2015 година десет текста под заеднички наслов „Нашиот голем фалсификат“. Во секој текст убедливо го докажува произволниот пристап во прекројувањето на документалното наследство за Светите Седмочисленици, за просветителите и преродбениците, за основачите на ВМРО.
Тоа му дава право во својот последен текст од 26 декември 2015 г. саркастично да извика:
„Доколку ние ќе останеме тоа што сме: исфрустриран народ, скаран со сите соседи и сам со себе, кој своите комплекси ги лечи градејќи си измислена слава од стиропор. На таквиот народ нема да му треба историја, туку психијатрија…“
Како рушител на создадената по белградска кројка стратегија за бришење на врските меѓу Бугарија и Македонија се пројави и Денко Малески – првиот министер за надворешни работи на самостојната Р Македонија. Во интервју за аналитичкиот портал indox7 во мај 2020 г. тој недвосмислено изјави: „Некогаш со Бугарите сме биле еден народ. Сега сме два…“ Поради таа негова „дрзкост“ тој беше отпуштен како советник на тогашниот претседател Стево Пендаровски.
Уште поразуздано критички одекна словесниот изблик на Бранко Тричковски, поранешен дописник на официозот „Нова Македонија“ во Софија. Само неколку дена по годинашните свечености на Мечкин Камен, посветени на годишнината од Илинденското востание, тој напиша објава на својот профил на Фејсбук, во која неговиот сарказам кон официјализираната лага за вековниот идентитет и јазик заслужува посебно внимание:
„…Во секој Македонец има по еден Бугарин, кој чека да излезе.
Србинот му е облеката…
…
Македонецот е Бугарин, кој се прави на Србин.
Всушност – игра улога.
Со надеж дека оној ќе го спаси од Албанците.
Како и Бугарите.
Македонецот по националност е ништо…“
Ова е РС Македонија денес: млада држава со целенасочено манипулирана претстава за самата себе. Со самоуверени елити, поради својата свесна комплексиарност, кои цртаат иднина во која сопственото преживување е врвна цел…
Реалност, натоварена со многу непознати, но и со основани надежи.
