| |

ФЕТАИ: ДА СЕ ПРИБАВИ РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИТВОРОТ НА ЈАНЕВА, ПА ПОТОА ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ

По барањето на одбраната за одложување на предметот „Шамарите во Центар“ од причина што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа во притвор, обвинителката Фетаи упати предлог до судот да го прибави решението за притворот на Јанева па потоа да се одлучи што понатаму, односно дали предметот ќе продолжи со судската постапка, јавува Нова Македонија.

– Точно е дека по три точки е определен притвор за Катица Јанева. Сметам дека е потребно прво да се прибави решението на Кривичниот суд со кој е определена мерка притвор према Катица Јанева, да се види кој е опфатот на таа мерка односно што точно се штити па да се види дали има пречка за натамошно постапување – рече Фетаи.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави