ФФМ БОГАТO ГИ НАГРАДИ ФУДБАЛЕРИТЕ ЗА ПОБЕДАТА НАД СЛОВЕНИЈА

Македонската фудбалска репрезентација после победата над Словенија со 2-1, синоќа на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе подели премија од 100.000 евра за овој триумф, објави првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

Македонија со двата гола на Елиф Елмас ја победи Словенија за да остане во трката за директно место на Евро 2020, па сега црвено-жолтите се третопласирани на табелата со 11 бода, пет помалку од Полска со која ќе се соочиме в недела и два зад Австрија.

ФФМ реши да ги награди фудбалерите како дополнителна стимулација за нов успех за два дена во Варшава, меч кој може да биде многу клучен во нашата битка за директна виза на ЕП. Македонија има втора шанса преку мартовскиот бара во Лигата на нациите идната година, но посакува расплет со среќен крај и историја уште сега.

Извор: Спорт1

Слични Објави