ФИФА РАНГ ЛИСТА: СВЕТСКИОТ ШАМПИОН НОВ ЛИДЕР, МАКЕДОНИЈА СО СКОК ОД ЕДНА ПОЗИЦИЈА

Истакнато Спорт

Денес ФИФА ја објави најновата ранг листа.

Јасно е Мундијалот донесе големи промени во врвот, па така според новата листа на врвото очекувано е светскиот шампион Франција.

Огромен скок од дури 16 позиции направи селекцијата на Хрватска која им беше противник на „Триколорите“ во големото финале, Хрватите сега се наоѓаат на четвртата позиција.

Одличниот настап на Уругвај, Англија и Данска им обезбеди на овие селекции место во ТОП 10, за сметка на Аргентина (11), Чиле (12) и Полска (18).

Најголемиот скок на листата го направи Русија која сега е на 49-тата позиција со скок од дури 21 позиција.

Кога во прашање е Македонија, ние направивме скок од една позиција во однос на минатото рангирање сега сме на 70-тата позиција со 1336 освоени бодови. Оваа година Македонија ја започна како 73-то пласирана.

Извор: Sportski.mk