ФОТО: Амди Бајрам со важно прашање околу несудениот рудник Казандол
Веднаш по пресот на премиерот Заев, неговиот нов коалиционен партнер и поранешен лут политички ривал Амди Кока Кола Бајрам се огласи со круцијално прашање до македонската јавност. Тој не успеал да го проследи излагањето на премиерот, но слушнал дека муабетов бил за „затворање на некаков рудник“. Како познат експерт во рударството лидерот на СРМ (Сојуз на Ромите од Македонија) побара информација кој точно рудник заминува во историјата.
(Написите објавени во рубриката „Кромидарки“, се плод на имагинацијата на нашиот мал, но сплотен колектив. Тие не спаѓаат во така озогласената категорија fake news, бидејќи немаат за цел да шират страв омраза и параноја, туку се обид за малку поинаков поглед на нашата реалност. Се надеваме дека личностите спомнати во нашите написи, ќе погледнат на нашиот труд со чувство за хумор и нема да нѐ шетаат по судови
).
