(Фото) Да си ги носите и бугарските пасоши на протестот во Лондон
19 јули 2022 година, Лондон, Обединето Кралство – Македонската заедница во Обединетото Кралство организира масовен протест против геноцидната француска Преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија со бугарските услови на 23-ти јули 2022 година, сабота, пред Француската амбасада во Лондон (58 Knightsbridge, London SW1X 7JT) во 12.00 часот.- Упатуваме јавен повик до Македонците во Обединетото Кралство да го искажеме нашето незадоволство против Франција, Бугарија и Европската Унија поради геноцидното однесување кон Македонскиот народ и грубо мешање во внатрешните работи на државата Македонија, – се вели во јавниот повик на Македонската заедница во Обединетото Кралство.