Генчовска им се заблагодари на бугарските дипломати за тоа што го зачувале бугарскиот национален интерес

//

Бугарското МНР вчера со пригоден настан во резиденцијата „Бојана“ го прослави Денот на бугарската дипломатска служба.

„Денеска славиме 143 години висока професионалност и посветеност на националната кауза на Бугарија и на стремежот за градење пријателски односи со светот околу нас“, изјави министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска.

Генчовска изрази благодарност до генерациите бугарски дипломати кои посветено и служеле на татковината во не помалку тешки услови.

„Во изминатите седум месеци, работејќи низ паралелни кризи без дополнителни ресурси, најмногу се потпиравме на искуството и знаењето што тие го наследија. Со нескриена гордост можам да кажам дека завршивме пристојна работа и се надевам дека не сме ги разочарали“, истакна таа.

Геночвска им се заблагодари на вработените во МНР за професионалноста и трудољубивоста што ја покажуваат во работата и ги посочи нивните напори и стручност како клучни за остварување на надворешнополитичките приоритети и справување со предизвиците.

„Не е тајна дека главниот предизвик со кој се соочуваше министерството од почетокот на мојот мандат беше темата Северна Македонија. Затоа, сакам да започнам со посебна благодарност до тимот на кој се потпирав деноноќно. Потпирајќи се на експертизата изградена со децении, заедно успеавме да го заштитиме националниот интерес во исклучително сложени политички услови“, рече Генчовска.



Таа ја истакна и улогата на бугарските дипломати вклучени во војната во Украина и кои ја гарантирале нашата национална безбедност.

„Во текот на изминатите месеци учествувавме во важни одлуки за зајакнување на одбранбениот потенцијал на источното крило на Алијансата, ги прифативме Шведска и Финска во атлантското семејство и го поддржавме европскиот пат на Украина, Молдавија и Грузија“, изјави Генчовска.

Гости на настанот беа премиерот Кирил Петков, потпретседателката Илијана Јотова, заменик-претседателот на Народното собрание Росица Кирова, Симеон Саксобурготски, премиер во периодот 2001 – 2005 година, министри, пратеници и европратеници, поранешни раководители на министерството , претставници на дипломатскиот кор во Бугарија, раководството на Здружението на почесни конзули во Бугарија и др.

Претходна статија

Стејт департмент: 25 милиони луѓе се жртви на трговија со луѓе во светот

Следна статија

(Фото) Да си ги носите и бугарските пасоши на протестот во Лондон

Најново од Вести