|

Фудбалски терен во Турција претворен во гробишта: „Чекавме да ги земеме телата кои останаа под урнатините“

Во турскиот град Пазарчик фудбалското игралиште беше претворено во гробишта за жртвите од разорниот земјотрес од 6 февруари, јави турската ТРТ.

Стативите сепак останаа на своето место, но теренот беше проширен за гробните места. Врз секој ископан гроб ставена е дрвена даска што го означува истиот датум на смртта – 6 февруари 2023 година – кога овој град беше разурнат од најсмртоносниот земјотрес во модерната историја на Турција.

„Чекавме 10 дена за да ги добиеме телата на починатите кои останаа под урнатините“ изјави Хусеин Акис, која ја закопа внуката, покрај нејзиниот сопруг и двата сина.

Şu Aciya bakin Pazarcikin Alevi bir köyünden bir Aile yok oluyor köylüler 8 gün kaymakam dan yardim ekibi istiyorlar yiyecek giyecek istiyolar KAYMAKAM YOK isviçreden Alevi köy dernekleri TİR la yardim götürüyor hop Kaymakam bitiyor izinsiz yardim dagitamazsiniz diyor el koyuyor pic.twitter.com/URxtKOcQlm

— SoL-Yanim-@ATATüRK@ (@gurbetci1962) February 17, 2023

Сцените од Пазарчик ја прикажуваат голготата на луѓето кои се обидуваат да ги најдат и погребат своите најблиски, жртви на земјотресот, во кој загинаа повеќе од 47.000 луѓе во Турција и соседна Сирија.

На гробиштата на Кахраманмараш, неколку илјади нови гробници брзо го надминаа бројот на стари гробови што беа таму пред земјотресот, што само ги илустрира размерите на катастрофата.

Се подигаат и шатори за да се вршат исламски постхумни ритуали, а телата се обвиткуваат во покривки.



Слични Објави