(Галерија) Студенти и ученици од РС Македонија ја посетија Софија по покана на д-р Милен Врабевски и неговата фондација „Бугарска меморија“

//

Студенти и ученици од Република Северна Македонија престојуваа во дводневна посета на Софија на покана на д-р Милен Врабевски и неговата фондација „Бугарска меморија“.

„Младите луѓе, кои се истомисленици на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во градот Битола, беа тука како составен дел од долгогодишната програма на Фондацијата Бугарска меморија за градење добрососедски односи со РС Македонија и европската интеграција на младите од двете страни на границата“, велат од Фондацијата на д-р Милен Врабевски.




За време на престојот, гостите од РС Македонија, следеле предавање на старешината Димитар Борисов од Националната гарда на Бугарија, поврзано со историјата на Националната гарда и разговараа со основачот и претседател на Фондацијата „Бугарска меморија“, д-р Милен Врабевски, кој им раскажа повеќе за приоритетите и причините за основањето на фондацијата, а исто така и за сите донации направени во Република Северна Македонија.

Програмата на младинците од РС Македонија продолжи со посета на Националниот историски музеј на Бугарија, по што групата замина на прошетка во историскиот центар на Софија со туристички водич обезбеден од домаќините. Настанот заврши со картинг натпревар за сите младинци од РС Македонија.

Претходна статија

Џафери: Тоа што го кажувам за ДУИ е мое мислење и не припаѓам на никаква фракција

Следна статија

Поранешен заменик министер за надворешни работи на Бугарија: Не треба да паѓаме во замката на нашите соседи со клубот „Никола Вапцаров“

Најново од Вести