| |

(Галерија) Заменик-претседателката на бугарскиот парламент Росица Кирова се сретна со децата учесници во иницијативата „Од двете страни на границата“

Заменик-претседателката на бугарскиот парламент Росица Кирова, се сретна со децата учесници во кампањата „Од двете страни на границата“ на Фондациja „Бугарска памет“.
„На иницијатива на Фондацијата „Бугарска памет“ и д-р Милен Врабевски, повеќе од 30 млади уметници од Република Северна Македонија и Бугарија изработија цртежи кои покажуваат дека нема простор за поделба меѓу двата народа“, потсетуваат од фондацијата на д-р Врабевски.

„Убавите зборови „Промени“, „Единство“, „Иднина“, „Толеранција“, „Пријателство“ се испишани на вашите маици и се вашата порака до сите нас – возрасните и политичарите од двете земји“, сподели Росица Кирова пред децата.

„Вашата иницијатива „Од двете страни на границата“ ме тера да размислувам за тоа дека со вашата креативност ги бришете границите меѓу Република Северна Македонија и Бугарија“, истакна таа.

Според заменик-претседателката на бугарското Народно собрание, децата се оние кои се движат неколку чекори понапред од политичарите и политичката елита и можат да бидат амбасадори на пријателството меѓу двете земји.

Заменик-претседателката на Народното собрание му честиташе на претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ д-р Милен Врабевски за иницијативата децата на Бугарија и Република Северна Македонија да креираат заедно, да се запознаваат и да создаваат пријателства.

По средбата децата ја разгледаа зградата на бугарскиот парламент, се запознаа со работата на народните избраници и проследија дел од пленарна седница на парламентот.



Слични Објави