ГАЗДАТА НА ПАНДЕВ ВО ЏЕНОВА: АКО НЕ (ДО)ИГРАМЕ ЌЕ НÈ СНАЈДЕ – АПОКАЛИПСА!

/

Иако Енрико Пресиози, газдата на италијанска Џенова каде игра капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, беше еден од газдите на калчолигашите што не сакаше да игра фудбал по секоја цена, ставовите ги смени и сега јавно потврди дека – Калчото мора да се (до)игра.

Пандев неодамна објави дека во ваква ситуација каква што е во Италија, коа беше една од најпогодените со Ковид-19, на никој не му е до фудбал и дека сезоната подобро е да биде прекината, со сличен став беа сите во Џенова. Особено што Сампдорија имаше шест заразени фудбалери, а сега после првата рунда тестови – нови тројца. Но, тешки загуби ги чекаат Италијанците ако не доиграат, а тоа е практично – борба за опстанокот.

„Ако не ја завршиме Серија А – ни следи апокалипса! Да кажам катастрофа е преблаго. Јас сакам и се надевам дека сè ќе биде во ред за да може да играме и тоа е најдоброто решение. Подготвени сме да одиме според протоколите, без оглед какви сè работи ќе ни минат низ глава. Но, проблем е ако се игра на неутрален терен. Се посочува централна и јужна Италија, но фудбалерите вее два месеци беа во карантин, а така ќе треба уште два месеци да бидат само во карантин. Тоа е премногу…“, вели Пресиози.



Извор: Спорт1

Претходна статија

СЕ ЗАПАЛИ ПРЕОПТЕРЕТЕН РЕСПИРАТОР ВО РУСИЈА – ЗАГИНАА 5 ПАЦИЕНТИ ЗАБОЛЕНИ СО КОВИД-19

Следна статија

ПО ОДЛУКАТА НА РИЈАСЕТОТ НА 7 МАЈ: ИВЗ ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРА ЏАМИИТЕ

Најново од Вести