ГДУ: РЕФОРМАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ДА ЗАПОЧНЕ ОД ВРВОТ НА ПИРАМИДАТА
„ГДУ се согласува за реформа во администрација како една од клучните области во однос на евроинтеграцијата на Македонија. Но, начинот по кој што се одвива реформата во јавната администрација се повеќе наликува на неискреност, лицемерие и политичка чистка.
Реформите во јавната администрација не треба да бидат употребувани само за кампањи пред избори, се очекуваат реални реформи и подобар сервис за граѓаните. За да се стекне довербата кај граѓаните, дека сепак можат да се направат релани реформи, ГДУ предлага реформите да започнат од врвот на пирамидата.
Како парламентарна Република , кога зборуваме за намалување на администрацијата , зошто да не се започне со реформа во парламентот со намалување на бројот на пратениците ? На Република Македонија и е потребен функционален и квалитетен парламент.Токму затоа, една од значајните заложби на ГДУ е намалувањето на пратениците од 120 на 90. Во составот на владата на Р.Македонија има Премиер и 25 назначени министри, од кои 7 се без ресор. Граѓаните не ги знаат нивните имиња, ниту ја знаат нивната функција. Со оглед на тоа што повеќето од високите функционери се занимаваат со сопствен приватен бизнис, ГДУ прашува колку директори без ресор имате поставено во своите привтни фирми ?
Која е потребата од вработување на над 50 советници во Вадата? Граѓаните треба да знаат дека од нашите даноци , од нашите давачки и акцизи кои што ги покачија, секој месец преку 60 000 денари легнуваат на нивните сметки. До кога ќе им се даваат некакви рокови и удобства на рамковните административци кои со години седејќи дома земаат месечни примања? Ние сме единствениот пример во Европа каде работниците седат дома и неработат , а на нивните трансакциски сметки секој месец легнуваат пари од буџетот. За какви реформи зборувате г-дине Манчевски? Овој пристап е нечесен за нашите граѓани. Бројот на советници неконтролирано расте, додека еден обичен граѓанин, кој некако се изборил со своите капацитети да се вработи во државната администрација за околу 20 000 денари месечни примања, подоцна биде исфрлен на улица.
Очигледно и оваа владина комбинација јавната администрација и буџетот на земјава ги има сфатено како воен плен кој им следува според правилото -победникот носи се! Теретот на секојдневните обврски претежно зависи од оние кои не се под заштита на партиите од власта, додека пак подобро платените позиции се резервирани за партиските јуноши и бизнис ориентед службеници. Затоа степенот на доверба во државните институции и услугите кои тие ги даваат,според сите истражувања е на исклучително ниско нивo!
Република Македонија е ставена под лупа на Европската Комисија и чекаат вистински реформи кои треба да се испорачаат до месец јуни. Затоа не ги потценувајте граѓаните од кои мнозинството ја дале својата поддршка за вас и преземетеја одговорноста од фотељата во која ве сместиле“- се вели во соопштението на Граѓанско демократската унија-ГДУ.