|

Герасимовски: Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар

Општина Центар започна со целосно реконструирање на детските игралишта во општината. Целосно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид блок 2 во близина на Зелениот пазар.

Игралиштето доби нови реквизити и реконструирани кровни и подни површини додека просторот каде се изведуваат реконструктивните работи е изведен согласно европските стандарди за квалитет, безбедност и одржливост.

„Изградба на модерни и функционални детски игралишта и креирање нови рекреативни зони се еден од приоритетите за најмладите жители во Општина Центар.

До крајот на 2023 година планирана е целосна реконструкција на детското и спортското игралиште во Капиштец, како и реконструкција на детското игралиште во Градски ѕид блок 3“, изјави Герасимовски

Преку вложување во детската игра Општина Центар придонесува за правилен психо-физички развој и среќни деца.



Слични Објави