ГЕРОСКИ: СЛОБОДНО КАЖУВАЈТЕ СИ МАКЕДОНИЈА ТОА НЕ Е ЗАБРАНЕТО ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР
Разбирајќи ја потребата на македонските официјални лица повремено да ја изговараат целата именска фраза со која е означено новото официјално име на нашата земја, сакам да им укажам дека употребата само на именката која е центар на фразата (зборот Македонија, значи) не е спротивно на Преспанскиот договор.
Обичните граѓани, пак, немаат никаква обврска да го употребуваат целото сложено име – ниту приватно, ниту јавно, во медиумите, пишува во својата најнова колумна новинарот Бранко Героски. Истата можете да ја прочитате на Плусинфо.