ГОРДАНА ВИНЧИЌ И ИГОР ЉУБОВЧЕВСКИ-ЉУБАЦ УЧЕСНИЦИ ВО ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА “СОФИЈА” ВО БОГДАНЦИ
Нашите уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски со нескриено задоволство и чест ни раскажаа за своето учество во единствената македонска меѓународна ликовно-графичка работилница и изложба во Богданци, август 2018. Оваа работилница се одржа 11 пат по ред со 17 уметници-графичари од Македонија и странство, селектирани од страна на државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сараево и Софија.
Сите учесници беа избрани на предлог на нивните матични фактултети. Ментор на работилницата беше Слободан Радојковиќ кој е инаку истакнат графичар и професор на факултетот за уметности во Ниш. Посебно сакаме да ја споделиме радоста за гостопримството и безпрекорната организација на основачот на работилницата “Софија” кој е и сопственик на истоимената печатница, Драги Семенпеев – Цапе.
“Јас за прв пат во моето ликовно творештво пробав да работам со графика на оваа работилница. Доживувањето е непроценливо. Се најдов во една огромна просторија со безброј за мене непознати хемикалии, опасни киселини, чувствителни материали, машини, преси кои бараат исклучително внимание. Истовремено имав и огромна желба за творенње но никакво искуство во тој домен. Незнам како, но љубовта и пасијата да ја испробам оваа уметничка гранка ме водеше исто како што Тесеј беше воден од црвенит конец на Ариадне надвор од лавиринот на безмилосниот минотаур. Во периодот на работилницата успешно изработив над 150 отпечатоци, литографија, бакропис, линорез и сува игла под надзор на професорот Костадин Танчев – Динка кој е и председател на советот на графичката работилница. Ми беше чест да бидам насочена и предложена од него како учесник врз основа на мојот интересен и добар цртеж по него. Следната година планирам да остварам самостојна изложба со графики, литографија чија техника ја доживеав како љубов на прв поглед. Таа се смета за кралица на графиката а се покажа дека извонредно ми лежи. Литографииte се изработуваат прво како цртеж со маслена јаглена креда директно на посебен литографски равен камен а потоа со специално помешани состојки и киселини се издвојува цртежот со помош на преса на хартија. Процесот е комплексен и трае и до 10 саати за да се отпечати првиот примерок. Литографијата се разликува од другите графички техники по тоа што таа ја забележува свежината на потезот на јаглената креда и ја зачувува директноста на работата на уметникот. Сања Зигиќ, графички асистент на Ликовната Академија од Нови Сад како одговорен ментор за литографијата ми откри некој од мистичните процеси во самото творење.“ – изјави Гордана Винчиќ.

“Ја делам судбината на многу колеги графичари кои по дипломирањето се преорентираат кон други ликовни смерови поради специфичните услови за творење кои се потребни во графиката (скапи машини, печатарски преси, хемикалии со токсични испарувања и огромен простор). За жал ова се одразува и во графичката понуда на галериите и музеите во нашита земја. Благодарение на Виктор Семенпеев и Ана Димчевска Семенпеева како дел од организација имав можност повторно да ја почуствувам магијата на успешно отпечатениот графички лист иако просторот во кој се твори не секојпат е во совшен ред. Виктор и Ана кои исто така се графичари несебично ни беа на располагање со својата огромна упатеност и познавање на целиот графички процес. Имав можност не само да се подсетам на мојата академска графичка образба туку и да ја пробам најновата техника, алуграфија која може да биде замена на литографскиот камен а се работи на алуминиумска подлога.” – изјави Игор Љубовчевски

За крај не смееме да иземеме и нашиот кувар, “маестрото” Илија Семенпеев и неговиот тим кои се погрижиа за нас уметниците секојдневно да не угостат со највкусните, со љубов приготвени македонски специалитети, есенски смокви и грозје, раскажаа за нашиот портал Гордана и Игор.
