| |

Градоначалниците на општините Болјарово во Бугарија, Кумровец во Хрватска и Берово во РС Македонија потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот на општина Болјарово Христо Христов, градоначалникот на општината Кумровец, Република Хрватска, Роберт Сплат и градоначалникот на општина Берово, Република Северна Македонија, Звонко Пекевски потпишаа трипартитен меморандум за соработка.

Како единици на локалната самоуправа и во согласност со нивните надлежности, општина Кумровец, општина Берово и општина Болјарово се согласуваат директно да соработуваат пред се во областа на туризмот, земјоделството, економијата, културата и културното наследство, уметноста, зачувување на природата, работа со млади луѓе, социјална солидарност, стручно оспособување и образование.

Потпишувањето на трипартитниот меморандум е и исполнување на одлуката на Советот на општина Болјарово. Остварена е плодна соработка со општините Кумровец и Берово во рамките на проектот „EuSave – Смарт историски села“, спроведен во периодот 04.03.2019 – 09.02.2022 година со финансиска поддршка на Европската Унија преку програмата „Европа на граѓаните“. Уште тогаш градоначалниците на трите општини си ветија дека оваа соработка ќе продолжи и во годините што следат.

Слични Објави