|

Градоначалниците на Бутел и Кисела Вода на терен – повик до граѓаните да пријават штети

Невремето проследено со пороен дожд и град, кое попладнево го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ општина Кисела Вода.

На неколку локации силниот ветар однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви и направи проблем во одвивањето на сообраќајот, но со екипите од општината веднаш излеговме на терен и интервенираме за надминување на проблемите.

Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме, општинските тимови вршат увид и се реагира брзо, комуницираме и со службите на Градот и со граѓаните кои пријавуваат проблем, со цел штетите што поскоро да се санираат и состојбата да се нормализира. Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација. Стоиме на располагање доколку граѓаните кои имаат било каква потреба, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Општина Бутел отвори телефонски број за пријавување на штети

Општинскиот кризен штаб работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел.

Општинските работници работат на најкритичните места и расчистување на паднатите дрва и наносите. На терен работат и јавните претпријатија на Град Скопје. Апелираме граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и сите штети ќе бидат санирани.

Отворен е телефонски број 075 – 274-421 на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето.

Ќе се продолжи со работа и во ноќните часови се до нормализирање на состојбата, информира градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

И ЦУК со соопштение:

По обилните врнежи од дожд и силниот ветар кои го зафатија Скопје околу 16.50 часот, на телефонските броеви 112 и 195 досега има околу 100-тина пријави за:

– паднати дрва;
– поплавени простории и коловози
– одувани кровни конструкции
– скинати проводници и др.

За сите овие пријави известени се ЈП Водовод и Канализација, ЈП Паркови и Зеленило и БППЗ.

За паднатите кровови, на ул. Киро Крстевски бр. 3; и Михаил Чаков покрај БППЗ, известени се и општините Кисела Вода и Центар“.

Слични Објави