ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАРАВАРИ ГО ПРИМИ СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР АДМИР МЕХМЕДИ

//

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска во својот кабинет го прими фудбалерот на швајцарската репрезентација, со потекло од Гостивар, Адмир Меxмеди.

“Нашите луѓе кои живеат надвор од родниот крај се наши најдобри амбасадори ширум светот, особено оние кои покажуваат успех во областа на науката, културата и спортот. Пред неколку дена, ни беше на гости нобеловецот Ферид Мурад, а денес на посета во Општината, е светски познатиот фудбалер Адмир Мехмеди. Ни претставува чест да биде тука со нас, и се надевам дека неговата кариера, која започна пред десет години, ќе продолжи и во наредните десет години, и во репрезентацијата на Швајцарија, така и во фудбалските клубови каде што ќе игра”, истакна Таравари.

Адмир Мехмеди му се заблагодари на градоначалникот Таравари за гостопримството и му посака успех во владеењето, со надеж јдека Општина Гостивар ќе бележи развој и напредок во сите области.

Во знак на почит, Таравари и Мехмеди разменија симболични поклони. Мехмеди му поклони на Таравари дрес од швајцарската репрезентација со број 18. аа Таравари на Мемеди му поколни плаката на Општина Гостивар.



Инаку, Мехмеди е прв фудбалер Албанец кој постигнал гол на Светското фудбалско првенство. Поради оперирање на лигаменти, Мехмеди na ова светско првенство не е дел од националниот тим на Швајцарија.



Претходна статија

СДСМ: КОСТАДИНОВ- ИВАНОВ ГО КОЧИ НАЗНАЧУВАЊЕТО АМБАСАДОРИ И ПРАВИ ШТЕТА НА ДРЖАВАТА

Следна статија

ОД 5 ДО 12 ЈУЛИ –КУЛТУРНИ НАСТАНИ ВО КОЧАНИ

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо