| |

ГРАЃАНИТЕ СЕ БУДАТ: САМО 25% БИ ГЛАСАЛЕ ЗА ТРОЕЦОТ СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ

Доколку сега би се одржале избори 12,3% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ а 10,8% за СДСМ, додека за ДУИ остануваат 2,7 %. Најголем процент – 27,5% рекле дека нема да гласаат. Ова се резултатите од анкета спроведена од МКД.мк и агенцијата Маркет вижн.

Ова значи дека трите најголеми партии ВМРО, СДСМ и ДУИ заедно немаат поголема поддршка од процентот на граѓани кои се изјасниле дека нема да гласаат. Повеќе од половината испитаници искажале мислење дека државата се движи во погрешен правец, а најнезадоволни се од работата на судските органи и владеењето на правото.

Анкетирањето беше спроведено од 8 до 13-ти јули 2019 година, телефонски, на на примерок од 1.200 испитаници. Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави