Грчката бизнис асоцијација со донација за болницата во Кочани во поддршка на повредените во пожарот во „Pulse“
Грчката бизнис асоцијација во Република Северна Македонија донираше материјали на Општата болница во Кочани за поддршка на повредените во пожарот во дискотеката „Pulse“. Донацијата е предадена од членот на Управниот одбор, Илијас Цукалас, на директорката на болницата, д-р Катерина Панич-Мирчовска.
Асоцијацијата нагласува дека од првиот момент на трагедијата нејзините членови се вклучени во помошта и дека остануваат подготвени да реагираат со дополнителна поддршка кога е потребно.
Со оваа акција, велат, ја потврдуваат својата солидарност и посветеност на локалната заедница во време на криза, изразувајќи благодарност до сите членови и партнери што придонеле.
