Грчкиот заменик-министер за транспорт смета дека во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам
Цврстата позиција дека Независни Грци не можат да прифатат име што ќе го содржи терминот Македонија, уште еднаш беше изразен од член на партијата -коалиционен партнер во владата.
Овој пат, од заменикот-министер за транспорт, Никос Мавраганис, кој говорејќи утрово за државната телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина, рече дека во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам и тоа е главната причина зошто не го прифаќа терминот Македонија.
Мавраганис е член на владата од редовите на Независни Грци. (Прочитајте го целиот напис овде)
