| |

И АДВОКАТОТ НА ГРУЕВСКИ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА АМНЕСТИЈА

Еленко Миланов, адвокатот кој го застапуваше Никола Груевски, а кој е бранител и во постапката за 27 април, поднел до судот барање за амнестија. Адвокатот Миланов поднел барање од свое лично име, односно за себе, а не за неговиот клиент, бидејќи во законот стоело дека секој граѓанин можел да поднесе барање за амнестија за настаните од 27 април.

Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за поднесеното барање го праша адвокатот Миланов дали можеби таа нешто испуштила, односно дали тој случајно е обвинет, а таа не знае.

Барањето на Миланов е меѓу останатите поднесени барања на обвинетите за 27 април и тој е единствениот адвокат кој бара амнестија лично за себе. Заедно со неговото барање бројката на поднесени барања до судот за постапката за 27 април која ја суди судијката Кацарска и која е во тек достигна 29. Барање за амнестија не поднесоа обвинетите Игор Југ, Јане Ченто, Митко Чавков, Игор Дурловски и Душко Лазаров.

Барања за амнестија до судот има стасано и за другите постапки за настаните од 27 април, односно оние кои се во жалбена постапка или за кои има правосилна судска пресуда. Во нив влегуваат и постапките за убиството во обид на Зијадин Села, постапката за нападот врз Радмила Шекеринска, како и судските постапки во кои на обвинети лица им се судеше за учество во толпа. Вкупната бројка на поднесени барање за амнестија до судот заклучно со истекот на рокот е 65.

Извор: МКД.мк

Слични Објави