| |

„И НИЕ СМЕ ЛЕКАРИ“- ПРОТЕСТ НА ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Кофинансираните специјализанти излегоа на протест пред Министерството за здравство за еднакви права како и останатите лекари. Тие бараат повисока плата и загарантирано работно место бидејќи нивните специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита.

Тие велат дека последен официјален состанок со Министерството имале пред 4 месеци на кои ги претставиле своите проблеми и дале правно решение уште пред да се изгласаат последните законски измени во Законот.

Поддршка за протестот на кофинансираните специјализанти стигна од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Бараат нивно префрлање во групата на државни специјализанти и упатија апел за законско решение или подзаконски акт со цел уредување и непречена исплата на приватните специјализанти.

ФОТО: АСМЛ



Слични Објави