ИСТАКНАТИОТ АЛБАНСКИ ВИОЛИНИСТ ШКЕЛЗЕН ДОЛИ ВО ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ АДЕМИ

Министерот за култура, Асаф Адеми вчера во својот кабинет се сретна со албанскиот виолинист со светска слава Шкелзен Доли, член на Виенската филхармонија. Истакнатиот уметник кој од Ѓаковица (Косово), преку Нови Сад и Виена, достигнува меѓународна репутација, во четврток (22 ноември) ќе биде дел од централниот настан на прославата на Денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес.

Адеми и Доли во срдечниот разговор, покрај новостите за кариерата на Доли разговараа и за историскиот ден, кога пред 110 години во Битола се одржал конгресот кога интелектуалните потенцијали на Албанците од целиот свет успеваат да се обединат во насока на унификацијата на сопствената азбука, што натаму овозможува литературното, интелектуално, културолошко, и етничко обединување на сите Албанци.

Шкелзен Доли, од 19 часот на 22 ноември, со Македонската филхармонија ќе настапи под дирентство на Михаел Мацијашчик од Полска.

Во рамките на одбележувањето на Денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес предвидени се и повеќе настани во Скопје и Битола, како што е Панел во рамките на Музеј – Куќата на албанската азбука во Битола, по што ќе следи и научна конференција во хотелот „Епинал“, како и промоција на повеќе книги и научно истражувачки трудови.



Слични Објави