| |

ОДБРАНАТА ЌЕ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ЗА ПРИТВОРОТ НА МИЈАЛКОВ

Одбраната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој синоќа беше притворен, најави дека во текот на денов ќе поднесе жалба, бидејќи смета дека без да се повика и сослуша обвинетиот е недозволиво да му се одреди мерка притвор.
Поранешниот директор на УБК синоќа беше спроведен од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје во затворот во Шутка. Неговите адвокати посочија дека неговото приведување е незаконско и најавија жалби до Апелацискиот суд.

Екс шефот на тајната полиција денеска требаше да биде во Кривичниот суд во Скопје на рочиште за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“. Неговот притвор е одреден токму за овој предмет, а причината е опасноста од бегство.

 



Слични Објави