ИСТОРИЈАТА КАКО ОДМАЗДА
Завршија изборите во Црна Гора, земја која според странските дописници е голема колку Луксембург и има 620.000 жители, но како што велат, тоа е земја во која никој не сака да имигрира. Офисијално, Демократската партија на социјалистите ги доби изборите со незначително предимство, но исто така официјално, здружениот фронт на опозицијата има незначително предимство содржано во само едно повеќе пратеничко место, така што, де факто, опозицијата би требало да ја формира новата влада. Тоа ќе го означи и официјалниот пад на Мило Ѓукановиќ, најдолготрајниот лидер на Балканот со речи си 31 година непрекинато владеење, дали како премиер или председател на државата. Од верен послушник на режимот во Белград и лична опора на автократот и воен злосторник Слободан Милошевиќ, преку српски сојузник во братоубиствените југословенски војни, тој, на ужас на српските националисти ја поведе Црна Гора во 2006 година во неочекувана независност, за потоа да воспостави нов автократски и клиентелистички режим во земјата која ја оттргна од влијанието на Белград и српската военохушкачка солдатеска и политика. Едно кусо време беше и “традиционален руски“ пријател, за потоа да ги изгони и русите и конечно земјата да ја сврти кон Западот, внесувајќи ја во НАТО и ставајќи ја пред вратите на Европската Унија. Откако ја обнови црногорската држава, насилно укината во 1918 година и ги постави основите на црногорската нација, тој сега се обиде да ги национализира и имотите на српската православна црква во Црна гора, наведувајки дека тоа се имоти на старата предвоена црногорска црква, а сето тоа вешто замаскирано како некаков Закон за “слобода на вероисповедта“. Црногорскиот народ, малуброен, со само 620.000 жители, речиси целосно поделени на рамни делови, на “срби“ и “црногорци“ по националност, не ја прифатија неговата политика на конституирањето на нација и посебна црногорска црква. Затоа и дојде неговиот крај на едни легални и легитимни, признаени избори.
Победнички таламбаси се слушаат од белградските кругови. Таму се слави победата на “српската“ опозиција, се говори за нов демократски, праведен и правен поредок, но и за “зачувувањето на единството на српскиот народ“, сепак, разделен во две држави. Нормално, десет пати поголемата Србија би била политички и воен ментор на помалата Црна Гора, а се слушаат и заговарања за излез од НАТО и приближување до “вековниот српски пријател“, денешната путиновска Русија. Има и трезвени гласови на некои црногорци кои говорат дека излегувањето на земјата од НАТО би било вистинска национална катастрофа.
Што навистина ќе се случи? Пред се, Црна Гора никогаш нема да излезе од НАТО сојузот, а може само да го одлага сопственото влегување во ЕУ, секако, на своја штета. Но, приказната има и некои други елементи, некои поуки од историјата на кои никој не сака да се потсетува.
Србија беше балканска велесила на 20. век. Со воена ароганција и добро одбрани пријатели во политиката, успеа да се воздигне до европска држава, присоединувајќи ги кон себе некои од блиските сродни народи, но и несродните народи, ветувајќи слобода и демократија. Некои од сродните народи како хрватите и словенците доброволно влегоа во лажната југо-српска федерација која крваво се распадна како за време на Втората светска војна, така и во собитијата по 1990 година. Некои од несродните народи, како албанците и унгарците никогаш не ја прифатија заедничката држава. За возврат, и таа нив никогаш не ги прифати како рамни на себе си. За нас македонците, Србија имаше специјална програма. Почна со “Начертанието“ на Гарашанин, се разви со Стојан Новаковиќ, а кон експанзионистичките српски амбиции врз исконските бугарски духовни пространства, се приклучија и определен број македонци. Некои од нив за пари, некои од други интереси. Не треба да се заборават основоположниците на вулгарниот македонизам, Темко Попов(ич), Наум Евро(вич) и Коста Групче(вич), за подоцна да се приклучи и сомнамбулниот и неурамнотежен Крсте Мисирков. Тие го посеаја отровното семе на македонизмот и забија клин во грбот на единствената бугарска нација. Сите тие свесно или несвесно, сеедно, беа продукт на српската експанзионистичка политика на Балканот, разсејувајќи го српскиот шовинизам и стерилниот македонски национализам на нашите простори. Во суштина, Белград ги створи, ние македонците добро ги научивме, но истиот тој Белград не извлече никакви поуки од своето (не)дело. Затоа им се случи Мило Ѓукановиќ.
Поразот на Ѓукановиќ не е победа на Белград. За време на своето триесетгодишно владеење тој успеа да го посее семето на црногорскиот национализам и да ги “воскресне“ црногорските херои и борци против аншлусот што Србија и го направи на државата Црна Гора во 1918 година. Го извади од заборав црногорскиот политичар, националистот д-р Секула Дрљевиќ, а неговата преработка на една црногорска народна песна, ја направи официјална химна на Црна Гора. Ако македонската политика молчи за ѕверставата на српската полиција и солдатеска, на пример во селото Гарван, присталиците на Ѓукановиќ отворено ги раскринкаа таквите појави во Црна Гора во периодот по 1918 година. Убиството на целото семејство на црногорскиот патриот Перо Звицер во 1923 година, стана лајтмотивот во разговорите на црногорските националисти со србите од другата страна на национализмот. Црногорците се присетија дека имаале и своја држава и своја црква, а барањето на црковните имоти не е ништо друго освен барање за протеруване на српските свештеници кои сеуште тврдат дека “црногорците се вистински срби“!
Има нешто перверзно во тврдењата на Белград дека режимот на Ѓукановиќ бил корумпиран и клиентелистички. Зарем подобар е режимот во Скопје, Софија, Тирана или во самиот Белград…за Атина и да не говориме, тие се корумпирани од почетокот, од 1821 година. Не, заради тоа не падна “режимот“ во Подгорица, туку падна заради сукобот на националностите и националистите од двете страни, но со различен приод кон иднината на земјата.
Ние македонците добро знаеме како се раѓа и прави нација, но Белград не научил како една нација се раслојува. Ѓукановиќ, свесно или несвесно го посеа семето на агресивниот црногорски национализам и желбата за формирање на таква држава. Одвојувањето на Косово и војводинскиот автономизам беа удари на српската државност и целовитост, но одвојувањето на црногорскиот национ е глогов колец во срцевината на повампирениот српски национализам. Коминтерна преку својата агентура, како и Димитар Влахов го разбија бугарскиот етникум на овие пространства и ги проширија српско-југословенските државни пространства. Затоа пак, Мило Ѓукановиќ со помошта на своите европски сојузници го посеа семето на поделба на српската нација. За да опстои, Белград треба уште многу да учи историја, а најдобрите учители му се во Софија. Таму ќе научи како патриотизмот, зачинет со слепото пријателство кон “славјанската Матушка Русија“ води кон пропаста на нацијата и кон изгубените национални идеали. Таму ќе научи за грешките!
Автор: Владимир Перев