ИСТРАГА „ДВОЈНИК“ : НА МАЖ ПРОДАЛЕ „ЖЕНСКИ“ ПАСОШ

/

Најголемата контроверза во истрагата Двојник е што во еден докажан случај, во управните служби бил издаден пасош на маж иако податоците покажуваат дека зад тоа име стои жена од Албанија со македонско државјанство, објави Телма.

Во вадењето на пасошот се вклучени тројцата првообвинети кои веќе признаа вина. Жената се вика Ѓорѓие Коруни и најверојатно на криминалците од пасошко им личело дека станува збор за машки идентитет.

Поради тоа второобвинетиот Фарук Буќи без никаква пријава на 13-ти април 2018-та, сликал маж, својот клиент, контролорката Оливера Софрониевска го одобрила 4 дена подоцна, а машкиот пасош со женски идентитет го подигнал првообвинетиот Дениз Барути кој тогаш воопшто не бил на соодветното ртаботно место туку бил распореден како курир.



Извор: Телма.

Претходна статија

ПРЕГАЗЕНО МАЛО ДЕВОЈЧЕ ВО ТЕТОВО: СЕ БОРИ ВО БОЛНИЦА

Следна статија

ВМРО НА КАРАКАЧАНОВ: ПАТРИОТСКО ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ИЗБОРИТЕ, НО ЛИДЕРИТЕ НАДВОР ОД ПАРЛАМЕНТОТ

Најново од Вести