Иво Иванов во „Одговори“: Вучиќ ја губи контролата над косовските Срби
Повторно тензии во Косово на фонот на официјалното барање на Приштина за членство во ЕУ. Во емисијата „Одговори“ се коментира со новинарот и член на Бугарското геополитичко друштво Иво Иванов.
Српскиот претседател Александар Вучиќ губи на сите фронтови, Русија по војната во Украина нема да ги брани српските интереси во ОН бидејќи ќе биде зафатена со одбрана на своите, рече тој.
„Така што Вучиќ ќе мора да се обиде да пронајде решение во овој веќе затворен временски период. Европските партнери му го одредија датумот за тоа до март 2023 година. Секој пат се повторува истиот репертоар: правата на Србите. Сепак, тој почнува да ја губи контролата над косовските Срби. Нешто што претходно не беше толку остро, бидејќи Белград на многу луѓе во северно Косово им даваше дополнителни плати, одделно тие си земаа плус и од косовските и меѓународните институции. Им даваше поддршка, а тие луѓе стоеја таму на педал, како на копче. Кога ќе ги притиснеа, почнуваа да протестираат, да прават барикади итн.
Но сега, тој ги принуди лидерите на косовските Срби во Северно Косово, да ги напуштат косовските институции, а тие не го поддржаа. Лидерите во моментов не се на барикадите. Одделно, г-ѓа Трајковиќ (Рада), која е претставник на Србите во косовските институции, кои не се во северно Косово, бидејќи има и други енклави на Косово што се во тешка ситуација, кои не се во близина на границата и немаат таков директен контакт со Србија, тие категорично се против политиката на Белград кон нив. Така што и тука, исто така почнува да губи влијание.
Генерално, до сега Вучиќ на сите им ветуваше сè и се обидуваше да ја одложи оваа одлука, категорично секогаш нагласувајќи: „Никогаш нема да ја признаеме независноста на Косово, бидејќи така е напишано во српскиот устав“. Според неа, Косово сè уште е дел од Србија. Но, сега во ЕУ се изморија од овие игри и категорично го поставија прашањето: Прво, дали Србија или Белград треба да се приклучат на заедничката европска политика кон Русија, т.е. тие го притискаат да воведе санкции кон Русија, нешто што тој категорично одбива да го стори. Србија веќе подолго време нема отворено нови поглавја или таканаречени кластери, кои се од поопштите. Иако има еден завршен кластер со осум поглавја релативно договорени за отворање, Брисел не сака да го отвори за да сигнализира дека европската интеграција не функционира. Таа е замрзната.
Се поставува прашањето дали Приштина со својот став успеа, и покрај сите надворешни кризи предизвикани од Белград, да преговара за договор со Брисел за укинување на визите за Косоварите, а се поставува и прашањето за замрзнување на овој договор за Србите, доколку Белград не се приклучи на заедничката надворешна политика на ЕУ како земја кандидат, што е должна да го направи. Така што и од тој правец е под притисок.
Дали е можна разврска на конфликтот Белград-Приштина ќе дознаете од видео материјалот.